Брнабиќ: Во Србија се испреплетени интересите на големите сили

Премиерката Ана Брнабиќ рече дека Србија се соочува со значителни политички и безбедносни предизвици, не само поради односите со Приштина и „многу сложените“ односи во регионот, туку и поради „непобитниот“ факт дека интересите на „големи и моќни“ држави се испреплетени на нејзина територија.

На комеморацијата на Денот на сеќавање на страдањата на Србите, Евреите и Ромите во Втората светска војна во меморијалниот комплекс Јајинци во близина на Белград, таа рече дека зачувувањето на слободна и независна Србија не е загарантирано, но бара „континуирана борба во тешки околности“.

„За земји како Србија, кои ја ценат слободата повеќе од што било, денес овој пат е потежок и попредизвикувачки отколку во кое било време од крајот на Втората светска војна“, изјави премиерката.

Наведувајќи дека за време на Втората светска војна, повеќе од 80.000 „невини Срби, Евреи, Роми, членови на Народноослободителното движење, антифашисти“ биле убиени само во логорот Јајинци, Брнабиќ рече дека српските граѓани никогаш нема да ја заборават историската вистина дека „ние сме народ и во двете светските војни бевме на вистинската страна од историјата и дека плативме огромна цена за слободата“.

„Наша должност е да се гордееме со нашата историја и големото заедничко наследство, да продолжиме да го чуваме секогаш споменот на нашите предци, кои се бореа за идеалите на слободата и правдата и да отфрлиме каков било обид за препишување на историјата и релативизирање на злосторствата“, рече премиерката на Србија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.10.2020 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа