Брнабиќ: Србија цврсто стои на европскиот пат, но немаме позитивни сигнали од ЕУ

 

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ разговараше со известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик и членот на Делегацијата на Комитетот на Европскиот парламент за стабилизација и пристапување кон Европската унија, Матјаж Немец, за европската интеграција на Србија.

Таа оцени дека Србија цврсто стои на европскиот пат и дека стратешката определба на Владата што ќе се формира е силно продолжување на реформите во делот на владеењето на правото, кои се во фундаментален интерес на нашиот граѓани.

Овие резултати, заедно со измените на Уставот во делот на правдата, покажуваат колку е кредибилна нашата земја како партнер кој ги исполнува реформските чекори на својот европски пат, посочи Брнабиќ, пренесуваат српските медиуми.

Таа појасни дека „она што недостига е адекватното валоризирање на сработеното и немањето позитивни сигнали од Европската Унија за процесот на проширување, како за Србија, така и за Западен Балкан“.

„Наместо тоа, најчесто слушаме критики и постојано нови барања од Брисел“ рече Брнабиќ.

Брнабиќ повтори дека Србија ќе остане посветена на европскиот пат и вредности, во согласност со интересите на државата и граѓаните и националните интереси.

30.09.2022 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега