Брнабиќ се најде на Инстаграм профилот на актерката Џенифер Анистон- Српската премиерка „сместена“ меѓу најмоќните жени на светот (фото)

Холивудската актерка Џенифер Анистон на својот Инстаграм профил објавила фотографии од жени од јавниот и политички живот, а токму во нив ја вброила и српската премиерка Ана Брнабиќ - со порака „охрабрете се жени и променете го светот“.

Актерката својата објава на Инстаграм ја започнала со пораката:

„Додека светот беше дефокусиран со бучавата на оние отпорните на промена, промените секако се случуваа“, а потоа поставила фотографии од претседателки и премиерки на земјите ширум светот, меѓу кои ја вброила и Брнабиќ.

Покрај Брнабиќ, на социјалната мрежа Инстаграм Анистон поставила фотографии од германската канцеларка Ангела Меркел, премиерките на Шкотска, Норвешка, Сингапур, Данска, Словачка.

 

Потоа, Анистон напишала:

„Охрабрете се жени и променете го светот“, па меѓу другото поставила фотографии и од шведската активистка Грета Тунберг, поранешната државна секретарка на САД Хилари Клинтон, сопругата на некогашниот претседател на САД Обама - Мишел Обама, американската водителка Опра Винфри, потпретседателката на САД Камала Харис и претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.01.2021 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега