Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби зашто не воведуваме санкции кон Русија

Српската премиерка, Ана Брнабиќ вели дека дојавите за бомби се притисок од странство врз Србија зашто државата не воведе санкции против Русија по инвазијата во Украина.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. Овие извештаи за бомбите се и притисоци од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми.

Србија во претходниот период постојано се соочуваше со закани, и тоа во трговски центри, железничка станица, зоолошка градина, како и во стотина училишта.

17.05.2022 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега