Британското разузнавање: Путин сака да спречи бунт во Русија

 

Британското воено разузнавање во извештајот се фокусираше на новиот руски закон за „странски агенти“, кој Кремљ ќе го користи за да ја задуши критиката за војната во Украина.

Тие потсетуваат дека Владимир Путин го промени законот кој е на сила од 2012 година, така што личните податоци, вклучително и адресите, на т.н „странски агенти“ може да се објават јавно, што значи дека се изложени на вознемирување. Законот стапува на сила утре.

Претходно, законот беше ограничен на поединци и институции за кои Кремљ тврдеше дека добиле финансиска поддршка од странство. Но, сега законот ги опфаќа сите оние за кои власта оценува дека се под „влијание или притисок“ од странство.

„Кремљ веројатно дејствува превентивно за да спречи поголем бунт во Русија, имајќи предвид дека конфликтот во Украина продолжува и се повеќе влијае на секојдневниот живот на Русите“, се вели во извештајот.

30.11.2022 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега