Британскиот сој на коронавирус пристигна во Македонија - регистриран првиот случај
Министерството за здравство информира дека денеска при анализа на податоци од позитивни ковид-пациенти во месец јануари, во приватната лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката Жан Митрев, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот SarsCov2, односно коронавирусот.
Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен. Во базата на податоци на Инстистутот за јавно здравје пациентот се води како оздравен од 22 јануари годинава.
Според информациите од ИЈЗ, пациентот прв пат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, направил брз тест, кој бил со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4 јануари 2021 година се јавил на преглед во приватната болница Жан Митрев каде му е направен ПЦР тест кој бил позитивен, а пациентот бил веднаш хоспитализиран во приватната болница.
„На 15 јануари во болницата му е направен уште еден тест кој повторно е позитивен. Во епидемиолошката анкета пациетот нема пријавено контакти ниту пак навел дека патувал надвор од државата. Лабараторијата во болницата Жан Митрев со посебна ПЦР метода е утврдено дека пациентот е суспектен на некоја мутација на вирусот, а потоа е направено секвенционирање на изолатот. Според информацијата која ја проследија до МЗ, сите мутации кои го дефинираат британскиот сој се утврдени кај изолатот од овој пациент. Кај останатите примероци кои се анализирани во приватната лабараторија не е детектиран британскиот сој на СарсКов2“, информираат од Министерството за здравство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа