Британскиот премиер заразен со коронавирус префрлен на интензивна нега: Состојбата му се влошила за два часа

Британскиот премиер Борис Џонсон е примен на интензивна нега во болницата „Сент Томас“во Лондон. Сосјтојбата, како што пренесуваат британските медиуми, му се влошила во рок од два часа.

Тој, како што информираат медиумите, ддо пет часот работел од дома, за во седум часот вечерта да биде префрлен на одделението за интензивна нега. Дејли Меил пишува дека таму бил префрлен поради стравот на докторите дека можеби ќе му треба респиратор, доколку проблемите со дишењето дополнително се влошат. Во меѓувреме, неговите обврски му се доделение на Доминик Раб, државниот секретар за надворешни работи.

Со тестирање било утврдено пред 10 дена дека Борис Џонсон е заразен со коронавирус и затоа останал во самоизилација и обврските ги извршувал од дома.

Како што дознава ЦБС премиерот бил свесен, а пред да биде примен на клиника на интензивна нега, добил кислород затоа што имал проблеми со дишењето. Извори тврдат дека премиерот не е сместен на респиратор и дека во болницата е сместен поради претпазливост, доколку дојде до влошување на состојбата и му затреба респиратор.

Борис Џонсон на Твитер последен пат се огласил на 3. април кога информирал дека закрепнува.

-За жал и понатаму имам еден симптом, температура, така што во склад со препораките, морам да останам во самоизолација додека не помине - порачал тогаш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега