Британски таблоиди ја оцрнија Хрватска: Поевтино е да се летува во Турција, Кипар, Шпанија и Бугарија

Според истражувањата кои ги спровел британскиот Сан, седумдневен одмор во Задар испаѓа поскапо од одмор на Кипар, Мармарис во Турција, на Мајорка и Коста дел Сол во Шпанија и во бугарското летувалиште Сани Бич.

-Хрватска повторно ја дели судбината на повеќето медитерански земји кои се борат со падот на побарувачка во однос на минатата година и поради тоа се спуштаат цените и за 20 отсто, па поскапувањето во Задат од 12,7 отсто и тоа како оде очи - наведува британскиот весник.

-Далеку од тоа дека во Хрватска не може да се лртува седум дена и со многу помалку од три илјади фунти. Но покрај тоа, јадранските цени се посебна приказна и нема никој кој не бил на нашето крајбрежје, а да не се вратил со чувство дека платил премногу пари. Капучино од 46 куни, килограм грозеј 80, хамбургер 165 куни, седнвич 100 куни....ова се само некои од високите цени на Јадранот - пишува „Вечерњи лист“.

Надуените цени, додаваат, се дел од јадранскиот фолклор, но за шефот на хрватското здружение за туризам Вељко Остојиќ вистината за цените сепак има повеќе лица.

-Секое споредување со конкуренцијата е добро да ни го покаже контекстот на пазарот на кој сите заедно работиме. Иако со конкуренцијата не се бориме со цените, туку со квалитетот, кој допушта цена поголема, не смее да си дозволиме перцепцијата за Хрватска да биде дека сме прескапи. Она за што сите мора да бидеме свесни е дека имаме најголем ДДВ на медитеранот и дека во такви услови имаме многу органичен маневарски простор кој ја одредува цената - рекол Остојиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2019 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега