Британски експерт смета дека коронавирусот ќе циркулира најмалку до 2021 година

Британскиот професор и здравствен експерт, Крис Вит, денеска изјави дека очекува коронавирусот „значително“ да циркулира барем до 2021 година.

-Ќе бидам изненаден и воодушевен ако со оваа сегашна состојба не бидеме до зима или следната пролет, изјави тој на денешната прес-конференција.

Вит додаде дека очекува до тој период коронавирусот, сепак, значително да циркулира и дека е доста оптимистички да се очекува дека науката ќе дојде до напредок во тој период.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа