Британија: Само 22 отсто од заразените имаат симптоми

Само 22 отсто од позитивните на коронавирус пројавуваат симптоми на денот на тестирањето, соопшти британското Биро за национална статистика.

Според Би-Би-Си, многу луѓе не се ни свесни дека го носат и шират вирусот.

Според анализата на британска статистика, здравствените и социјалните работници имаат многу поголема шанса да излезат позитивни на тестот.

Податоците покажуваат дека оваа година во Велика Британија бројот на умрени од останати причини веќе две недели е помал од просечниот во последните пет години.

До овој момент 44,391 Британци ја загубија битката со коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега