Британец помина 306 дена во болница поради Ковид-19 (ВИДЕО)

 

Пензионираниот адвокат Џефри Вулф се заразил со коронавирусот во првите денови од пандемијата, а по дури 306 дена минати во болница вчера бил пуштен дома.

Се верува дека 74-годишниот Британец минал еден од најдолгите периоди на болничко лекување од ковид, пишува "Guardian".

Првата фаза на неговото лечење траела 127 дена, од кои 67 минал на респиратор. Од болницата бил испратен со аплауз, по што бил префрлен на невролошка рехабилитација за говор и физикална терапија.

На рехабилитација минал дополнителни 179 дена, а вчера бил пуштен дома.

"Тоа беше ѓаволска борба", рекол еден од неговите синови.

"Неговата прва шега беше дека го избрал потешкиот начин да ја прескокне последната година од владеењето на Трамп, но дека сепак вредело", додал синот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2021 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега