Британците слават: Земјата излезе од четиримесечна блокада (ВИДЕО)

Граѓаните на Велика Британи уживаа во своето прво ноќно излегување по неколку месеци, со оглед на успешниот процес на имунизација, властите почнаа да ја ублажуваат постојната блокада на 12 април.

Градините на угостителските објекти беа отворени синоќа за прв пат откако Велика Британија беше заклучена од 5 јануари, кога милиони луѓе живееја под ограничувања на ниво 4.

Продавници, фризерски салони, спортски сали и зоолошки градини, исто така, повторно се отворија во Англија, а некои правила беа олабавени и во Шкотска и Велс.

Во лондонски Сохо, локалното население можеше да види како Вест Енд повторно се враќа во живот .

Улиците беа преполни, а патиштата затворени за да се добие повеќе простор за пиење на отворено.

Полицијата беше присутна, но не интервенираше да спроведе социјално дистанцирање.

Многу луѓе рекоа дека метежот не им пречи и дека не се загрижени за ризикот од ширење на Ковид-19. Некои веќе се вакцинирани, додека некои направија брзи тестови од претпазливост пред да излезат, пишува „Би-би-си“.

Процесот на имунизација во Велика Британија е во нагорна линија, а досега се вакцинирани 47 проценти од населението. Минатата недела, Англија објави постепено укинување на блокадата од 12 април.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега