Европската Унија ги отфрли предлозите на транспортните здруженија од Западен Балкан за изнаоѓање компромис околу правилото „90/180“ за престој во Шенген-зоната. Како што пренесува „Вјести“, претставниците на европските институции останале на ставот дека професионалните возачи мора да се прилагодат на постоечките правила, што предизвика револт кај превозниците и најави за нови протести.

Здруженијата бараа возачите да добијат посебни визи или документот со кој времето поминато на пат нема да се пресметува како класичен престој. Сепак, од Брисел стигна негативен одговор:

„Претставници на европските институции им порачале на здруженијата дека предлозите не се можни и не се во согласност со Шенген, а како единствен став го повториле барањето превозниците да се приспособат на правилото 90/180.“

Превозниците предупредуваат дека веќе во април би можеле да останат без реална можност за работа. Доколку не се најде решение во следните две недели за кога е закажан нов состанок, се очекуваат радикални мерки, вклучително и блокади на граничните премини низ регионот.

Exit mobile version