Брена го молела Душко да не поднесува рзвод и да ѝ даде уште една шанска на Карлеуша

Лепа Брена е видена во еден локален ресторан во друштво на познатиот фудбалер Душко Тшши, а според наведеното таа се обидувала да го убеди да не поднесува развод.

 

Наводно Брена сметала дека Душко и Јелена треба да му дадат уште една шанса на бракот, а се наведува и дека досега неколку пати се има видено со Душко за да го убиде да останат во брак со Карлеуша.

„Брена зборуваше насамо со Душко, објаснувајќи му дека без оглед на тоа како поминала Јелена, тие секогаш треба да размислуваат долгорочно и дека тоа е она што ги задржуваше неа и Боб во бракот до денес. Признала  дека таа и Боба имале тешкотии во брак бидејќи се успешни и популарни, но не дозволиле тоа да ја расипе нивната врска и покрај тоа што имало моменти кога влегувале во расправија “, изјави добро информиран извор, додавајќи дека пејачката открила и некои интимни работи: „Брена му раскажала дека и за нив измислувале афери,  да ги разделат и дека Боба ја изневерувал, но заедно минале низ тие кризи иако воопшто не беше лесно. Во еден момент, таа му спомнала дека би било убаво за сите да патуваат во Опатија на брод со Саша Поповиќ, за да ги искористат некои потопли денови “.

По долгиот разговор Брена се надоврзала за децата, дека децата растат и дека влегуваат во пубертет, период кога најмногу им се потребни родителите.

Изворот наведува дека Душко со солзи во очите го напуштил ресторанот заедно со своите другари кои дошле по него.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега