Бременоста сепак не е причината за нејзиното отсуство- откриена вистинска причина зошто Меган нема да се појави на погребот

Последното збогување со принцот Филип, кој неодамна почина на 99-годишна возраст, ќе се одржи во сабота на 17 април, а принцот Хари, неговиот внук, отпатува во Велика Британија за оваа тажна пригода.

Неговата сопруга Меган Маркл сепак одлучи да остане дома во Монтезит.

Иако на почетокот медиуми објавија дека Меган не доаѓа поради бременост и по препорака на лекар, се појавија вистинските причини за нејзиното отсуство од овој толку важен настан за кралското семејство.

Нејзините пријатели, пред сè, велат дека Меган и Филип имале посебна врска и дека војвотката од Сасекс многу го сакала.

Сепак, нејзината мајка Дорија Рагланд инсистирала Меган да остане во Америка и да не го ризикува своето здравје, бидејќи стресот е последното нешто што и треба.

Меган, сепак, смета дека нејзиното присуство ќе го засени целиот настан! Таа исто така тврди дека ништо нема да ја промени нејзината врска со кралицата Елизабета, за која смета дека ја разбира и дека сака да биде безбедна поради детето. Покрај тоа, Меган додаде дека ова е време Хари да ги изгради односите со неговиот татко и брат.

Посетата на принцот Хари на Велика Британија е прва по оставката. Тој во моментов е во карантин, а слета на аеродромот Хитроу пред неколку дена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега