Бремена жена и две дечиња со морбили во тешка состојба

На Клиниката за инфективни болести вчера биле прегледани 14 заболени од мали сипаници, од кои тројца се примени на болничко лекување, а директорката на Клиниката за САКАМДАКАЖАМ изјави дека останатите се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување.

- „Во моментов на клиниката се лекуваат вкупно 33 заболени од мали сипаници (морбили), од кои 17 возрасни и 16 деца. Освен пациентот кој подолго време е на механичка вентилација, во потешка состојба се уште две деца и уште еден возрасен. Имаме бремена жена која е со мали сипаници, и таа е во стабилна состојба“, вели д-р Стевановиќ.

- „Од новопримените заболени од грип, едниот е хоспитализиран на интензивна нега, бидејќи е во потешка состојба, останатите заболени од грип се во стабилна состојба. Имавме и бремена жена болна од грип во многу тешка состојба, но вчера попладне самоиницијативно со потпис замина од болница. Само два дена пред тоа беше на механичка вентилација“, вели д-р Стевановиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега