Бремена Американка извикала „Јас сум бремена“, а полицаец 5 пати пукал во неа - државници го оправдуваат убиството

Американката била убиена од полицаец во Тексас, наводно неколку моменти откако го предупредила: „Јас сум бремена“.

Жената била на паркиралиште во близина на станбена зграда во Бејтаун, а снимките на друштвените медиуми покажуваат дека полицаецот ја следи жената, која не е идентификувана, преку паркиралиште, додека таа му вели дека ја „малтретира“.

Полицаецот потоа почнува да пука додека таа не падне на земја. Тој стои до неа, обидувајчи се да ѝ ги одврзе рацете, пред таа повторно да се одалечи. Се слуша како таа му вели дека е бремена, а потоа тој пука 5 пати во неа.

Полицијата тврди дека жената е убиена откако го зграбила тејзерот и го вперила кон полицаецот.

Според пишувањата на тамошните медиуми, полицискиот службеник Стив Дорис бил полицаец со 11 години стаж кој патролирал на паркиралиштето и ја видел жената која од претходно била позната по кривични дела.

Полицаецот ја викал и се обидувал да ја уапси, после што следувала тепачка, поради што полицаецот морал да употреби тејзер.

-Се чини дека се обидувал да ѝ стави лисици, а дека таа му го земала тејзерот и се свртела кон него, после што тој посегнал по оружјето и пукал - пишуваат медиумите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2019 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега