Бразилскиот сој е многу пострашен и најверојатно веќе е во Србија

Татјана Аџиќ Вукичевиќ, директор на болницаta во Батајница, во изјава за државната телевизија рече дека постојат индиции дека бразилскиот вид на коронавирус се појавил во Србија a дека британскиот вид е сè уште најприсутен меѓу пациентите.

Таа предупреди дека секој нов вид e пострашен и кога станува збор за преносливоста и кога станува збор за смртноста.

Директорката апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

„Постојат индиции дека бразилски вид на коронавирус се појавил во Србија“, предупреди таа, додавајќи дека секој нов вид на корнавирусот е се поопасен, и во однос на преносливоста и во однос на морталитетот.

Вчера медиумите во регионот пишуваа за опасен вирус кој пристигнал во Европа и и се заканува и на Србија.

Сепак, според Аџиќ, се чини дека постои индикација дека тој веќе е во Србија, пренесуваат агенциите.

За потсетување, досега се откриени 92 варијанти на коронавирус во Бразил, а најопасен е П.1, попознат како бразилски вид, кој е далеку позаразен од класичниот вирус и со зголемена смртност од 1.000 на 4.000 луѓе на ден во таа земја.

Медиумите наведуваат дека вакцините на компаниите „Астра зенека“ и „Фајзер-Бионтек“ произведуваат антитела против овој вид во лабораториски услови, но дека вакцинираните лица исто така можат да бидат нападнати од вирусот и да имаат поблаг тек на болеста, па затоа може да се каже дека овие вакцини се ефикасни, но дека сè уште нема сигурен одговор.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега