Бразилската Влада испраќа војска на улиците

Владата во Бразил се одлучи да испрати војска во петте градови во кои беснеат масовни протести поради Светското првенство во фудбал.

 Анонимен претставник на Министерството за правда рече дека владата ќе испрати воени трупи, а дека на управите на градовите останува да одлучат колку тие трупи ќе останат на улиците.

Инаку, денеска се појави и трогателно видео од демонстрациите во Бразил каде се гледа како полицајците не сакајќи да употребат сила врз своите луѓе и тие се вклучуваат во протестите.

најчитано сега