Братучед на Пабло Ескобар пронашол тајно скривалиште на наркобосот со 18 милиони долари, но неупотребливи (ВИДЕО)

 

Братучед на покојниот лидер на колумбискиот наркокартел, Пабло Ескобар, Никола Ескобар, открил едно од неговите скривалишта со 18 милиони долари.

Никола Ескобар рекол дека скривницата се наоѓа во неговата куќа во Меделин, градот каде што владеел познатиот наркобос и го имал своето седиште.

Како што вели, „привидение“ го одвело до одреден дел од куќата каде открил богатство во смрдлива пластична кеса.

Децениските банкноти биле во толку лоша состојба што биле неупотребливи.

Во торбата имало и грутка злато, уреди за комуникација, записи, машина за пишување, пенкало и камера со филм што не може да се развие.

Приказни за скривалиштата на Ескобар сè уште кружат во Меделин.

Николас Ескобар е горд на својата врска со нарко босот и вели дека веќе пронашол неколку скривалишта.

Еден од најбогатите криминалци во историјата, Пабло Ескобар, имал милијарди долари годишен приход.

Тој е обвинет за околу 6.000 убиства, а убиен е во 1993 година во Меделин кога имал 44 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега