Братот на популарниот српски музичар повреден во немирите во Косово: „Само Среќко да преживее“

Тешко ранетиот 36-годишпен Среќко Софронијевиќ, брат на популарниот музичар Ацо Софронијевиќ, од вчера е сместен во одделението за интензивна нега во болницата во Косовска Митровица. Не отворал очи...Претходната ноќ имал температура, состојбата му била далеку потешка, велат за Курир.рс лекарите.

-Беше како воена состојба! Шок-бомби, солзавец, рафали, цел двор полиција. Не е првпат такво нешто да се случува во Косовска Митровица. Што е најлошо, се плашиме дека ќе се случи повторно. Овде всушност не е прашање дали ќе се случи повторно туку кога ќе се случи. Трепериме, се плашиме, очекуваме повторно...“, велат сопружниците Миодраг и Мирјана Софронијевиќ од Рудар за Курир.рс.

При упадот на единицата на косовската полиција северно до Ибар, не неколку стотина метри оддалеченост, во Звечан повреден бил 36-годишниот Среќко Софронијевиќ, кој бил погоден со куршум во грб. Во средата наутро дворот на неговите родители Миодраг и Мирјана бил полн со солзавец, на сите страни околу куќата експлодирале шок-бомби.

15.10.2021 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега