Братот на Мараја Кери ја тужи за клевета

Постариот брат на Мараја Кери, Морган, презема правни дејствија за клевета и намерно нанесување емоционална болка како резултат на нејзината автобиографија, за која тој тврди дека содржи злонамерни невистини.

Според Морган Кери, книгата лажно сугерира дека бил насилен.

Документите до кои дојде „Варајети“ наведуваат: „Морган ја иницира оваа постапка повеќе од тага и разочарување од предавството и злонамерните лаги на неговата сестра отколку од лутина за ваквите наводи.“

„Тој во никој случај не ѝ завидува на огромниот уметнички и личен успех на својата сестра, и секогаш ѝ посакувал добро.“

Всушност, Морган остро се спротивставува на некои делови од книгата во кои пејачката пишува за насилна пресметка меѓу него и нивниот татко, и дека тој бил сместен во ментална институција кога бил помлад.

Мараја исто така пишува во книгата дека „никогаш не се чувствувала безбедна“ во близина на својот „проблематичен брат“ поради неговиот „непредвидлив“ бес.

Поп-sвездата ги објави мемоарите „Смислата на животот за Мараја Кери“ во септември мината година.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.03.2021 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа