Едно лице е лишено од слобода и со две е извршен службен разговор од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

На 25.06.2026 во 00:35 часот во СВР Скопје, 57-годишна жена пријави дека во објект на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.К..

На 24.06.2026 во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.П.(19) и С.П.(42), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Бутел физички ја нападнале и упатувале закани кон 19-годишната сопруга на М.П. и снаа на С.П..

На 24.06.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 42-годишна жена пријави дека околу 16:00 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг В.Т.(50), со кого не живее заедно.

На 24.06.2026 околу 21:10 часот во СВР Скопје, 50-годишник од с.Ласкарци, скопско, пријави дека околу 20:30 часот, по претходна расправија со неговиот брат Б.С. и неговиот син, Б.С. ја турнал сопругата на пријавителот, која во раце го држела седуммесечниот внук, по што детето паднало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.06.2026 во 01:30 часот во СВР Струмица, 32-годишна жена од струмичко село пријави дека на 24.06.2026 околу 22.00 часот во нејзиниот дом, нејзиниот невенчан сопруг Е.Ј. физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет.

На 24.06.2026 во 22:17 часот во СВР Штип, 47-годишна жена од Штип пријавила дека околу 22:00 часот во дворот од нејзината куќа во Штип била физички нападната од нeјзиниот брат Ш.Д.(45) од Штип.

На 24.06.2026 во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.В.(72) од кумановско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во селото се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 66-годишна поранешна сопруга.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Exit mobile version