Брановите и до 10 метри: Крузер откажа среде бура во Норвешка, вистинска драма

Вистинска драма се одвиваше од вчера во Норвешка каде крузер откажа на немирно море.

Норвешките власти утрово соопштија дека сите 1.300 патници и членови на екипажот кои се наоѓале на крузерот, чиј мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени.

Во несреќата на крузерот „Викинг скај“, на кој најголем дел од патниците биле Британци и Американци, биле повредени 11 патници, а во спасувањето учествувале неколку спасувачки бродови и два хеликоптери.

Норвешкиот метеоролошки институт соопшти дека временските услови биле непогодни, а брановите достигнувале висина до 10 метри.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега