„Брако“ обезбедува обучен и квалификуван кадар подготвен за работните процеси

Во „Брако“ е во тек реализирањето на феријална практична настава за повеќе наставни програми во рамките на проектот Дуално образование.Учениците од овој модел на образование се идниот обучен кадар подготвен за вклучување во производствените технолошки процеси.

 

Современата технологија, машините и опремата во кои „Брако“во континуитет инвестира,овозможува беспрекорно реализирање на ова стручно образование по германски модел каде во комбинацијата на теоријата и праксата посебен акцент се става токму на практичната обука во компаниите.

„Во моментов ученици од вторагодинаод ССОУ ’Коле Неделковски’ од Велес ги спроведуваат стекнатите теоретски знаења во пракса,од струката Техничар за производно машинство,“вели Олгица Минова, сертифициран ментор за работа со ученици во „Брако“.

„Брако“ е партнер на програмата Дуално образование која е исклучително ефикасна во создавањето стручни кадри кои се барани во производствените процеси во период на невработеност токму поради несовпаѓањето на вештините.

28.06.2022 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега