Брачен пар од Бугарија уапсен во Германија, шверцувал новороденчиња

Брачна двојка од Бугарија, барана од полицијата за шверц на новороденчиња во Грција, е уапсена во Германија и набргу ќе бидат екстрадирани, соопшти Државното правобранителство на Софија.

За осомничените во февруари била издадена европска потерница за „сомневање за учество во организирана криминална група, која шверцувала новороденчиња на грчка територија“, се вели во соопштението.

Мажот и сопругата, чиј син веќе е во притвор во Бугарија, беа уапсени на 29 април во Нојнкирхен, југозападна Германија. Државното правобранителство не ја наведе причината за нивниот престој во Германија.

На сите им се заканува затвор од 5 до 15 години.

Тие се обвинети за измама на бремени жени, кои биле од сиромашно потекло во Бугарија од 2015 година, ветувајќи им дека ќе добијат од 2.500 до 3.500 евра. Потоа ги одвеле и ги сместиле во стан во Атина пред породувањето.

„Неколку дена по раѓањето, децата биле продадени на локални шверцери, кои најверојатно припаѓале на меѓународна мрежа за трговија со новороденчиња“, велат надлежните во Бугарија.

Утврден е идентитетот на девет жени, сите со сиромашно потекло, чии деца се родени и продадени во Грција, пишуваат медиумите.

Неонаталната трговија, која првпат беше широкораспространета меѓу Ромите во источна Бугарија, се прошири во другите делови на земјата во последните неколку години, а најчеста дестинација беше соседна Грција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега