Божиновски: Граѓаните веќе немаат никакви очекувања од оваа Влада – чекаат само можност да ја сменат

Граѓаните веќе немаат никакви очекувања од актуелната власт, вели политичкиот аналитичар Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања Скопје во изјава за Сител.

„Со оглед на резултатите од претседателските избори, можам да кажам дека граѓантие веќе немаат никакви очекувања од оваа Влада. Едноставно очекувањата се кога ќе бидат следните избори. Најавите беа дека ќе има темелна промена дека ја примиле пораката од граѓаните и дека ќе се направи анализа каде власта потфрлила и врз база на тоа ќе се донесат луѓе кои што ќе можат на некои начин да го променат тоа.
Видовме дека целата оваа операција метла се сведе на одредени ротации по министерства, на исполнување на желби на помали коалициски партнери и на пополнување на испразнети министерски места.“ – вели Божиновски за Сител.

Според Божиновски метлата покажа и дека Заев апсолутно нема никаква контрола врз ДУИ во власта. Според него, доказ за тоа е фактот што најкритикуваниот министер, Садула Дураку не само што не беше сменет туку доби и унапредување во министерство кое има далеку поголема политичка тежина.

Предлогот на премиерот Заев за владина реконструкција пред пратениците ќе се најде утре. За секој од министрите да биде избран потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега