Бошкоски се огласи од болница: Се чувствувам одлично

Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој деновиве потврди дека е позитивен на коронавирусот, синоќа бил итно однесен на инфективната клиника поради влошување на здравствената состојба.

Бошкоски преку Фејсбук објава ја потврди оваа информација, но додаде дека се чувствува добро.

„Поради зголемениот интерес за мојата здравствена состојба, многу луѓе ме прашуваат како сум и не можам да одговорам на сите. Затоа, ве известувам дека сум на Инфективна клиника, примам терапија уште 3-4 дена. Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично. Голема благодарност до медицинскиот персонал и моите сопартијци кои ми даваат поддршка и се тука за мене“, напиша Бошкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.09.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега