Борко “распали“ по младите играчи: Ставете прст на чело

Голманот Борко Ристовски го мина на клупа цел натпревар против Шпанија. Неговата замена Никола Митревски имаше брилијантно прво полувреме, но нервозата кај Борко беше очигледна во второто полувреме.

По натпреварот, тој во изјава им се обрати на младите играчи, критикувајќи ги.

-Видовме како одговорија младите играчи кои добија шанса во вториот дел. Секој може да направи грешка, ракометот е таква игра, но да не видите борба, жар и да не влезете во ниту еден дуел во второто полувреме е навистина разочарувачки. Ние градиме имиџ веќе десетина години наназад во репрезентацијата, затоа младите играчи треба да стават прст на чело и да размислат што во иднина. Ова е премалку за она што сме го граделе како репрезентација, ако вака настапуваат во иднина, не верувам дека ќе имаат некој поголем успех. Не треба да се гледа премногу трагично на овој пораз, стануваше збор за Шпанија, но тешкиот пораз пристигна поради грешките, поради тоа што не покажаа никаква желба за надигрување. Ова е поука за сите, за нас, за стручниот штаб, за вас новинарите. Очигледно е дека не се созреани, не треба да се фрла со дрва и камења по нив, но ние сакаме да продолжи трендот и реномето кое го градевме. Не чека голем меч, главата горе и да пробаме да го победиме Исланд, порача Ристовски пред новинарите во Минхен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2019 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега