Борисов порача дека Русија навреме ќе ги испорача вакцините за Србија: „Пандемијата отвори нова страница во нашата соработка“

Русија ќе ги достави вакцините Спутник V на Србија во договорените количини и секогаш ќе се состанува со српските партнери, изјави денеска рускиот вицепремиер и копретседавач на Меѓувладиниот комитет за трговија, економска и научно-техничка соработка меѓу Србија и Русија Јуриј Борисов.

По средбата со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ во Белград, Борисов рече дека состанокот бил конструктивен и оти се разговарало за тековните и идните проекти меѓу двете земји.

Тој посочи дека соработката меѓу Србија и Русија постојано расте и дека постојано се отвораат нови страници на билатерална соработка, било да е тоа во областа на транспортот, индустриското производство, ИТ секторот и сега со вакцините.

„Пандемијата отвори нова страница во нашата соработка“, рече Борисов и изрази надеж дека производството на руската вакцина Спутник V ќе се реализира во двете фази на територијата на Србија.

Тој истакна дека руската вакцина се здоби со репутација во светот, поради нејзината ефикасност и безбедност.

Борисов изјави дека тема на разговор била и соработката во областа на сообраќајот и потсети дека руските компании работат на модернизација на српската железница, која, како што посочува, ќе има подобро и побрзо движење на возовите и патниците.

Тој исто така посочи дека соработката во областа на енергетиката оди добро и го пофали отворањето на делот од гасоводот „Турски поток“ преку Србија, што, како што рече Борисов, ќе и донесе дополнителни придобивки на Србија како транзитна земја за гас.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа