Борисов ќе го врати мандатот за состав на нова Влада

Поранешниот бугарски премиер на Бугарија Бојко Борисов најави дека ќе го врати мандатот за состав на нова влада, што треба да му биде доделен утре.

- Ќе помине само малку време, околку половина час, до врачувањето на мандатот на следната политичка сили, изјави Борисов.

ГЕРБ победи на парламентарните избори во Бугарија на 12 мај, но не освои доволно мандати за сама да формира влада, а ниту една од другите три парламентарни партии не сака да коалицира со неа. Од друга страна БСП и партијата на бугарските Турци ДПС заедно имаат 120 пратеници или еден помалку од потребните за парламентарно мнозинство. Аналитичарите оценуваат дека БСП и ДПС би можеле да најдат еден пратеник од редовите на ГЕРБ или на Атака, кој би ја подржал нивната коалициска влада.