Борисов ѝ честиташе на Македонија за пристапувањето во НАТО

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ѝ честиташе на Македонија за пристапувањето во НАТО и изрази очекување дека ќе продолжат внатрешните реформи во земјата, објави БГНЕС.

„Денес, Република Северна Македонија е триесетта земја членка на НАТО. Им честитам на нашите соседи за пристапувањето во Северноатлантскиот договор и со нетрпение очекувам да продолжат внатрешни реформи во земјата. Потребни се дополнителни резултати во зајакнувањето на владеењето на правото, слободата на медиумите, реформа на безбедносниот систем како и приближувањето на вооружените сили кон стандардите на НАТО. Се надеваме дека заедничките активности меѓу нашите вооружени сили во рамките на НАТО ќе придонесат за развој на одбранбените способности и интероперабилност, како и да помогнат за развој на братските односи меѓу нашите две земји", рече Борисов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега