Борис Џонсон се разведува: Постигна финансиски договор со сопругата

 

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Марина Вилер постигнаа денеска финансиски договор за развод.

Адвокатите на Џонсон и Вилер присуствуваа на кратко приватно рочиште пред Централниот подрачен суд во Лондон.

Судијката Сара Гибонс забрани медиумите да известуваат за финансиските детали.

Таа и даде на Вилер дозвола да поднесе молба за развод на бракот, со што тој и формално ќе биде прекинат.

Џонсон и Вилер, која е адвокат, се вечаа во 1993 година и имаат четири деца. Тие во септември 2018 година објавија дека се раздвоиле и планираат да се разведат.

Џонсон (55) сега живее со својата 31-годишна партнерка Кери Симондс во службената резиденција, Даунинг стрит 10.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега