Борел: Одговорот на САД на руските предлози е солидна основа за зацврстување на сигурноста во Европа

Одговорот на НАТО на руските предлози за безбедносни гаранции ја нагласува сериозноста и одговорноста со која гледа на актуелната ситуација, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

„Одговорот на САД на руските предлози за безбедносни гаранции обезбедува солидна основа за зајакнување на стабилноста во Европа", напиша тој на Твитер.

„Отворен е патот за преговори од наша страна", напиша Борел.

САД и НАТО вчера и дадоа на Русија писмени одговори на безбедносните предлози што Москва им ги понуди на Вашингтон и на Брисел.

САД побараа текстовите на овие документи да не се објавуваат во јавноста, но американскиот државен секретар Ентони Блинкен и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги наведоа нивните главни елементи. Според двајцата, Западот начелно не и прави отстапки на Русија, туку дава насоки за понатамошни преговори.

27.01.2022 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега