Борел: Не смее Русија да блокира извоз на жито, додека луѓе од светот страдаат од глад

Блокадата на Русија на извозот на милиони тони украинско жито е воено злосторство, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел.

Ја повикуваме Русија да ги деблокира пристаништата. Незамисливо е милиони тони пченица да останат блокирани во Украина, додека луѓето во останатиот дел од светот да страдаат од глад“, го цитира Ројтерс европскиот министер за надворешни работи.

„Ова е вистинско воено злосторство, па не можам да замислам дека ќе трае долго“, рече тој по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

20.06.2022 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега