Борел: Македонија избра мир и дијалог пред 20 години

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, изјави дека пред 20 години, Македонија храбро го избрала мирот и најдобриот начин за надминување на разликите – дијалог.

„Пред 20 години, Северна Македонија, со поддршка на Европската унија и меѓународните посредници, храбро одлучи за компромис и одговорност“, рече тој во видео пораката на Твитер по повод 20 -годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор.

Додаде дека на европскиот континент национализмот и етничките несогласувања „се користеле премногу пати за да се подели и зајакне омразата“, и дека Македонија избра мир и најдобар начин за надминување на разликите – дијалог.

Охридскиот договор е мировен договор потпишан меѓу македонската влада и албанските претставници во Македонија на 13 август 2001 година, со што се стави крај на конфликтот меѓу Албанската ослободителна армија и македонските безбедносни сили.

13.08.2021 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега