Борел излегува од самоизилација, негативен е тестот на ковид-19

Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел денеска соопшти дека добил негативен резултат на коронавирус и дека излегува од самоизолација.

 

Тој беше во самоизолација од 13 октомври, по информацијата дека член на делегацијата на ЕУ со кого минатата недела патувал во Етиопија, бил позитивен на Кковид-19.

– Минаа седум дена откако последен пат бев во контакт со позитивна личност, а тестот што го направив вчера беше негативен, рече Борел.

Тој го продолжи својот карантин по информацијата дека белгиската министерка за надворешни работи Софи Вилемс и шефот на дипломатијата на Австрија Александар Шаленберг, кои минатиот понеделник присуствуваа на состанокот на Советот на ЕУ со кој претседаваше Борел, се позитивни на коронавирусот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 20:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега