Борел до Димитров: Бидете уверени во мојата посветеност на интеграцијата на С. Македонија во ЕУ

 Со нетрпение го очекувам усвојувањето на Преговарачката рамка и одржувањето на првата Меѓувладина конференција и бидете уверени во мојата лична посветеност на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, наведува високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел во писмо до вицепремиерот задолжен за европски интеграции Никола Димитров.

Честитајќи му на именувањето на новата должност, Борел во писмото му изразува искрена благодарност на Димитров за неговите „конзистентни напори и посветеност во приближувањето на Северна Македонија кон ЕУ“.

– Вашата улога во успешните преговори, потпишувањето и ратификувањето на Преспанскиот договор, кој служи како пример за помирување во цела Европа, ќе остане траен дел од вашето наследство како министер за надворешни работи, додава Борел.

Тој натаму во писмото истакнува дека со нетрпение очекува заедно со Димитров да работат на следните чекори на земјава на патот кон ЕУ, на спроведувањето на европската реформска агенда, како и на дополнително зајакнување на добрососедските односи.

– Западниот Балкан е дел од Европа и знам дека ја споделувате мојата решителност да ја видам Северна Македонија, како и регионот во целина, како напредува во остварувањето на европската перспектива, истакнува Борел на крајот во писмото до Димитров. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.09.2020 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа