Борците на ИСИС уапсени во Скопје биле радикализирани од оџата Мемиши

 

Седуммината борци за Исламска држава кои во вторникот беа уапсени на Меѓународниот аеродром Скопје, а заробени во Сирија во соработка со Глобалните коалициски сили и логистичка поддршка на САД и депортирани во Македонија, биле ученици на оџата Реџеп Мемиши од чаирската џамија „Тутунсуз“, кој пак минатата година беше осуден на седум години затворска казна за учество и организирање паравојска и регрутирање војници за борба во редовите на ИД.

Терористите, кои по потекло се од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар на возраст од 23 до 41 година, биле донесени со воен авион, а според полициски извори, уапсените дури биле и среќни што со лисици на рацете се вратени во матичната земја, со оглед на тоа што повеќето приведени во Сирија и Ирак биле ликвидирани.  Сите ќе одговараат по член 322а, а еден од нив и по член 394а од Кривичниот закон.

Акција за апсењето на терористите се оценува како успех, а според безбедносните служби, тоа ја подигнува безбедносната состојба во Македонија на повисоко ниво бидејќи повеќе години биле барани по потерници и процесуирани во нашата земја.

 

Македонија е дел од меѓународната коалиција за борба против тероризмот, а македонските безбедносни служби во таа насока соработуваат со сите странски партнерски служби. Во таа насока, МВР во 2014 година по измените на Кривичниот законик спроведе акции против ИД во Македонија.

По акциите Ќелија 1 и 2, првата во 2015, а втората следната година, нема повратници од боиштата на ИД, како што се очекувало. Во првата операција беа уапсени девет лица, а по 27 осомничени се трагаше. Во втората беа успени четири лица.

 

Од полицијата уверуваат дека во рамки на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Македонија продолжува и понатаму со континуирани активности во насока на детектирање, идентификување, неутрализирање и кривично гонење на странски терористички борци.

-Република Македонија како една од земјите коja ги прифати Резолуциите 2178 (2014) и 2396 (2017) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, презеде обврски за кривично гонење на своите државјани кои како странски терористички борци учествувале во кризните боишта во Сирија и Ирак и нивно враќање во матичната земја, почитувајќи го домашното и меѓународното право, како и основните човекови права и слободи, се вели во соопштението на МВР по приведувањето на терористите.

Владата работи на превенција, наместо на репресија

 

 

 

 

12.08.2018 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега