Бомба пронајдена кај Мавровското Езеро

Во 15.55 часот во Полициското оделение Маврово, 36-годишниот С.Ш.  од Гостивар пријавил дека покрај брегот на Мавровското езеро, помеѓу селото Леуново и селото Никифорово, кај место викано „Црн камен“, била пронајдена експлозивна направа.

Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за рачна бомба и таа била подигната за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега