Болтон за односот Трамп-Путин: Не смеев да го оставам претседателот еден на еден со него

Личниот однос на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот лидер Владимир Путин е загатка, рекол поранешниот советник на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон во своите мемоари, кои од денеска се на продажба.

„Што се однесува до оценките за Путин, тој ниеднаш не изнесе мислење, барем не пред мене.Никогаш не сум го прашал Трамп што мисли, веројатно плашејќи се од она што можам да го слушнам. Неговиот личен однос кон рускиот лидер остана загатка“, пишува тој.

Болтон наведува дека Путин јасно ги познава националните интереси на Москва поради што не смееле да го оставаат американскиот претседател еден на еден со него.

„Путин ме изненади, затоа што апсолутно е упатен во се, мирен и самоуверен, без оглед за кои економски или политички прашања во Русија одговара. Тој во целост ги знае приоритетите на Москва во сферата на националната безбедност. Не сакав да го оставам во просторија еден на еден со Трамп“, наведува Болтон. Тој истакнува дека рускиот лидер на него оставил впечаток после состанокот во очи самитот Русија-САД во Хелсинки во 2018 година.

Болтон поднесе оставка на местото советник за национална безбедност во септември минатата година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.06.2020 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега