Болницата „Мала Богородица“ станува Ковид центар

Сопствениците на приватните болници „Систина“, „Жан Митрев“ и „Ре-медика“, вечерва беа на состанок со министерот Венко Филипче, во Министерството за здравство.

Вечерва постигнавме договор и постигнавме капацитет од 100 кревети. Заеднички се договоривме болницата „Мала Богородица“ старата „Систина“, да се користи како инфективно одделение на кое ќе се примаат болни од Ковид-19.

Целосно ќе се опреми таа болница, да се инсталира кислород, што ќе биде направено за неколку денови. Сите ќе помогнат со материјали, со капацитетите кои ги имаат.

Прогнозите се дека до крајот на неделата ќе почне со работа.

Кадарот што ќе работи таму е целосно од тимовите на трите приватни болници, а трошокот ќе биде на сметка на државата, појасни министерот Венко Филипче, по средбата со сопствениците на болниците, а беше вклучен во живо во вестите на Сител.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.11.2020 - 19:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега