Болеста победи: Почина таткото на Даниел Крег

Актерот Даниел Крег кој јавноста најдобро го познава како Џејмс Бонд на модерната ера се прости со својот татко Тим Крег кој почина во 78. година од својот живот по долготрајна борба со рак на црниот дроб.

Веста за смртта на Тим многу го погола Даниел зашто биле многу блиски. Во една прилика татко му изјави дека со синот има таков однос што понекогаш го чувствува како најдобар пријател.

-Даниел не говори за мене и јас не зборувам за него, но секако, премногу сум горд нанего. Тој е многу добар актер, изјави тој пред неколку години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.08.2020 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа