Болеста не ја спречи „Истанбулската невеста“ да го оствари сонот - откри кој ѝ помогнал да успее во кариерата

Актерката Асли Енвер, која сите ја запознавме преку улогата на „Истанбулската невеста“, турската серија која се емитува на Сител телевизија има 35 години и веќе е една од најпопуларните актерки во Турција.

Таа раскажала дека нејзиниот успех не бил лесен поради борбата со дислексијата, која и оневозможувала лесно читање на текстовите за филмските улоги.

Но, научила како да се справи со предизвиците, а нејзината мајка најмногу ѝ помогнала во тоа.

„Мајка ми ме праша дали сакам да се занимавам со уметност. Избрав глума. Тоа не ми изгледаше така лошо. Таа ме испрати на курс. Значи, да, мајка ми ми помогна”, рекла актерката во една прилика.

Што се однесува до нејзиниот љубовен живот, Асли има еден неуспешен брак зад себе со колегата Биркан Сокулуа. Таа сега е во врска со музичарот Мурат Боз, кој ја остави пред свршувачка, но таа му прости и реши да му даде уште една шанса.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.08.2020 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега