Болдвин навести крај на актерската кариера по фаталниот инцидент

Алек Болдвин најави крај на актерска кариера по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на сетот на филмот „Раст“.

Ова е веројатно крајот, рече 63-годишниот актер во интервју за „АБЦ Њуз“, потенцирајќи дека веќе не е заинтересиран за идни проекти. Тој изјави дека чувствува неверојатна тага и жалење, но не и вина.

Некој е одговорен за тоа што се случи, не можам да кажам кој, но не сум јас. болдвин посочи дека е суштински да се открие кој го ставил куршумот во пиштолот, кој требало да биде празен. Во инцидентот загинаа Снимателката Халина Хачинс, а режисерот Џоел Соуза беше повреден..

03.12.2021 - 21:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа