Боки Бургија до Лиле Стефанова: И во ЈНА се одбиваа наредби не па во СЈО

Борче Трајковски познат како Боки Бургија денеска на социјалните мрежи распали по специјалната обвинителка Лиле Стефанова, која вчера сведочеше против поранешната шефица Катица Јанева, за случајот Рекет.

- Не со тие куршуми Лиле Стефанова, да те потсетам поранешна колешке на денот кога ме повика во кабинетот и ми ги поттури барањата за ублажување на мерките на притворените во Империја. Ти реков сега викни ги сите медиуми и кажете и на јавноста каква наредба одбивате, и поднесете оставка, одете дома, а вие ми рековте ќе те викнам да ги доставиш до Судот до 15 часот, напиша тој.

Вели „и во ЈНА имаше наредби кои може да се одбијат, не па во СЈО".

 

 

За потсетување, на вчерашното судење за Рекет, Катица ја нарече поранешната колешка Стефанова „ороспија и гомнарка", и почна да плаче, па беше и отстранета од судницата.

Лиле Стефанова истакна дека не е во добри односи со Катица Јанева и оти предметот „Империја“  го започнале од прислушуваните разговори и од други докази, дека Камчев имал двојно државјанство и големо влијние кај сведоците, а Цветан Панделевски, пак, имал лична карта од Грција. Поради тоа, за нив и за уште неколку лица била предложена мерка притвор.

Дури и кога се вршел претрес во домот на Камчев тој и сопругата ги пречекале подготвени, а таму бил и Зоран Милевски Кичеец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега