Боки 13 за четири месеци 25 пати побарал лекарска помош
Бојан Јовановски, во јавноста познат какоБоки 13-ка, осомничен во случајот Рекет, уште првиот ден од притворот бил прегледан и добил терапија од лекар во затворската амбуланта во Шутка, објави Сител. Државниот санитарен и здравствен инспекторат при вонредниот надзор констатирал дека Бојан Јовановски за 4 месеци побарал дури 25 пати лекарска помош во амбулантата во Истражниот затвор Скопје. Инспекторите од ДСЗИ не констатирале недостатоци во работата на затворските лекари.
- При што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи). При тоа упатите се давани со предходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.
Според информации на Сител наредниот детален здравствен преглед на Боки 13-ка деновиве ќе му биде направен во ГОБ 8 септември.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа