Боки 13 нуди 140 илјади евра гаранција за да му се укине притворот

Обвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски бара укинување на притворот за како гаранција дека нема да побегне, понудил гаранција од имот во вредност од над 142 илјади евра, пишува Сител.

Според жалбата на одлуката од Кривичниот совет за продолжување на притворот, која денеска ја разгледува Апелациониот суд, Јовановски како гаранција понудил куќа и дуќан чија проценета вредност е 142 илјади евра.

Одбраната се жали на последното решение за притвор кое истекува на 8. март.

Адвокатот Сашо Дуковски повторно до судот во Апелација повтори дека Јовановски поради здравствени причини треба да добие поблага мерка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега