Боки 13: Не е само Ременски, многу други политичари потпишуваа договори во Меѓународен сојуз

Во своите воведни зборови, првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз”, Бојан Јовановски рече дека не само обвинетата Фросина Ременски, туку дека и многу други лица биле дел од Меѓународниот сојуз и потпишувале договори, пренесува ТВ21.

„Јас тогаш бев симпатизер и граѓански активист на СДСМ и дел од Шарената револуција. Од тогаш започнуваат контактите со Ременски, сум имал контакти и со повисоки лица од партијата“, рече Бојан Јовановски.

Во однос на проектот, рече дека тој бил донесен во 2017 година, а потоа започнала и негова реализација.

Идеен творец на проектот била пензионерката Лилјана Тодоровска, а таа била и дел од Собранито.

„Таа ги прими средствата Силјан Мицевски. Потпишани се правни акти предоговор, а потоа и договор со ГП Пекистер. Решавачки факти ќе бидат потпишаните договоти кои ќе ги презентираме“, рече Бојан Јовановски во своите воведни зборови.

Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега