Боки 13 изнудил 260.000 евра од градежна фирма за друга партнерка

Деловна партнерка на Бојан Јовановски доби кривична пријава од скопска градежна фирма, објави емисијата Код на Телма.

Оваа невладина организација, Интернационалната асоцијација за човекови права, била основана пред Меѓународниот сојуз. И тука Бојан Јовановски имал деловна партнерка, чие име не е познато, која заедно со него ги убедувала бизнисмените за нивниот проект, за нивните познанства со власта и можноста за добивање грантови од европски фондови, а паднале менаџерите на една скопска градежна фирма која во периодот од јуни до декември 2017 година уплатиле речиси 260.000 евра на лична сметка на партнерката на Боки 13. На 10 јануари 2018 година тие успеале да ги вратат парите поради неисполнување на обврските од договорот.

Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.09.2019 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега